Откако пред неколку дена „Сан“ објави дека Јувентус летово подготвува богата понуда за холандскиот дефанзивец Виргил Ван Дајк, неговиот актуелен клуб Ливерпул веднаш одговорил со уште побогата понуда за да го задржи во своите редови, пишува „Индипендент“.

Холанѓанецот е еден од клучните играчи кој го водеше Ливерпул до статусот на актуелен европски и светски клупски првак, а сега веќе и нов шампион во Премиер лигата, па од таму клубот нема да штеди за неговите услуги, со што е јасно дека не сака да го пушти да замине.

Ван Дајк има активен договор до летото 2023 година, но на „Енфилд“ му подготвија нов договор вреден 235.000 евра неделно, или 12 милиони евра по сезона.