Вчера клинците на Ливерпул го совладаа Шрузбери со 1:0 и го продолжија патот во ФА Купот. Ова беше повторен натпревар, откако првиот заврши 2:2. И веднаш по тој меч, менаџерот Јирген Клоп најави дека ќе излезе со младински состав, и дека тој нема да го води тимот, за да се одморат од напорните натпревари сезонава во Премиерлигата.

Меѓутоа не е познато дали Клоп им давал совети на младите играчи на „црвените“, но тоа сигурно го сторил искусниот фудбалер Џејмс Милнер. Тој се симнал во соблекувалната и дал неколку совети.

„Дојде во соблекувалната и даде неколку совети. Беше професионален кон нив и полн со респект“, рече тренерот Кричли после натпреварот.