Шахтјор Донецк беше одлична, но пресилна контрола за Македонија ЃП во Анталија. Украинскиот тим со 2:0 го совлада македонскиот тим, со голови постигнати во првиот дел. Шахтјор имаше уште неколку добри шанси, а Македонија ЃП одигра солидно во вториот дел.

Тете во 13. минута погоди откако добро мина низ одбраната на ѓорчепетровци, а во 44. минута по огромната грешка на Ковачев, стрелаше Фернандо.  Украинскиот тим имаше многу шанси во текот на првиот дел, еднаш ја погоди и стативата, два пати и Јовановски спасуваше чисти ситуации.

Во вториот дел Македонија ЃП одигра добро во поле, имаше и некоја полушанса, но Шахтјор имаше три супер шанси, но не реализираше за поубедлив триумф. За Шахтјор од познатите играчи играше Тете, Фернандо, Бондаренко, Конопљанка…