Англиските клубови имаат голема армија на навивачи, а тоа не се однесува само на Ливерпул, Манчестер Јунајтед или Челзи, туку и помалите меѓу кои и Њукасл. Еве една интересна информација од Шведска. Навивач по име Ролф Корнелиусон е навивач на Њукасл благодарение на својот татко. Својот омилен клуб го гледал повеќе од 100 пати и на крајот решил во својата лична карта да го додаде Њукасл како свое средно име.

Шведска како држава тоа не му го дозволила, па тој вложил жалба и покренал судски процес. Резултатот е следниот – судот во Гетеборг му ја прифатил жалбата и му дозволил да го промени името во Ролф Ленарт Њукасл Корнелиусон.

„Мислев дека ова нема да помине, меѓутоа ако некој треба да го промени името поради фудбалски клуб тогаш тоа сум јас“, рече 54-годишниот Швеѓанец.