И покрај убедливиот пораз на отворањето на вториот дел од сезоната во Лигата на шампионите на гостувањето кај Кил, најверните навивачи на Вардар, популарните „Комити“ порачаа:

„Ние сме биле тука и во Расадник, и во Кале и во Јане. Ние ќе бидеме тука и да играте и со ПСЖ, и да играте со Овче Поле. Нас не ни е битно секогаш да победите, се додека знаеме дека срцете сте го оставиле на терен! А ние… ние секогаш ќе бидеме тука, твоја верна сенка!“