По двата врзани порази од Сплит и Хелиос Домжале, кошаркарите на нашиот шампион МЗТ Скопје А. денеска во обид да ја прекинат лошата низа. „Штрковите“ гостуваат кај Широки (18 ч.) во меч од 19. Коло во АБА 2 лигата во обид да победат и да го зацврстат пласманот на 2. место на табелата.

Во пресрет на мечот, тренерот на аеродромци, Ѓорѓи Кочов, вели дека ова ќе биде едно исклучително тешко гостување.

„Нѐ очекува тешко гостување, пред сѐ во делот на долгиот пат кон БиХ. Згора на тоа, имаме проблеми со болни играчи што дополнително ни ја отежнува ситуацијата. Ќе биде тешко да се совлада Широки на негов терен, но мислам дека не сме без шанси. Мора да ја спречиме нивната игра во транзиција, како и да бидеме најмалку изедначени во скокот. Очекувам правилен пристап од моите кошаркари, а не смееме во ниту еден момент да делуваме летаргични, особено не во одбраната, која мора да биде компактна ако сакаме да неутрализираме играчите со кои располага противникот, пред сѐ мислам на Матео Дрежњак, Зубац, Краљевиќ, Филиповиќ…“

Најдобриот кошаркар на МЗТ СКопје, Дамјан Стојановски, потенцира дека денеска важно ќе биде да се одигра со максимално залагање.

„Пред нас е тешко гостување против директен противник во битката за што подобра позиција пред плејофот. Мора да одиграме најдобро што знаеме и да дадеме сѐ од себе. Само така ćе може да се надеваме на позитивен резултат.“