Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро е прогласен за најдобар во Премиер лигата за јануари. Тој по седми пат ја освојува оваа награда и со тоа стана нов рекордер во најсилната англиска лига.

Агуеро за прв пат беше прогласен за најдобар од октомври 2013 година, по што следуваше ноември 2014 година, јануари 2016 година, април 2016 година, јануари 2018 и февруари 2019 година.

Тој блескаше минатиот месец, со шест гола и една асистенција, го постигна својот 12 хет-трик во најсилната англиска лига и со тоа се најде на првото место на вечната листа, а исто таа е и најдобар странец во историјата на Лигата со 180 погодоци, со што го надмина легендарниот Тиери Анри.

Но уште поимпресивен е ефектот на Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул кој петти пат сезонава ја добива наградата менаџер на месецот. Тој е единствениот со толку награди во една иста сезона, а не беше најдобар само во октомври затоа што наградата замина во рацете на Франк Лампард, тренерот на Челзи.