Тогоанскиот репрезентативец Емануел Адебајор се сели во парагвајскиот клуб Олимпија, соопштија парагвајските медиуми. 35-годишниот голгетер е слободен фудбалер од декември кога си замина од турскиот Кајзери.

Олимпија го покани, а тој прифатил, а во новиот клуб ќе се соедини со некогашниот соиграч од Манчестер Сити – Роке Санта Круз. 38-годишниот Санта Круз, кој освен за Сити играше и за Баерн Минхен, во 2016 година се врати во родниот клуб и и помогна на Олимпија да ја освои титулата во Апертура во 2018 и 2019 година и Клаусура во 2018.

Адебајор е екс-играч на Арсенал, Реал Мадрид, Тотенхем, Башакшехир, а со Санта Круз работеа како напаѓачки тандем во Сити.