Португалскиот напаѓач, Хуго Алмеида, на 35 години одлучи да стави крај на неговата кариера.

Алмеида кариерата ја завршува во португалска Академика Коимбра, а има играно за Порто, Леирија, Боависта, Вердер, Бешикташ, Чезена, Кубан, Анжи, Хановер, АЕК, Хајдук, додека за националниот дрес има одиграно 57 натпревари и постигнато 19 голови.

„Дојде денот, кој ние, фудбалерите не сакаме никогаш да дојде. Одлуката ја донесов во разговор со челниците на Академика и решив да се посветам на мојата тренерска кариера. Веднаш ќе започнам да работам со млади фудбалери. Им благодарам на сите клубови во кои сум настапувал, на луѓето што ме поддржуваа, пријателите што ги создадов преку фудбалот и секако на моето семејство“, соопшти Алмеида.