Осман Дембеле, кој ја заработи неговата десетта повреда како играч на Барселона, ќе биде опериран во вторник во Финска, потврди клубот. Тој заработи повреда на тетивата на задната ложа и не се знае колку точно ќе отсуствува, но се смета дека за него сезоната е завршена.

Барселона сега е во потрага по неговата замена, а според правилата за повреден играч во Ла Лигата, замената мора да биде фудбалер регистриран во Шпанија, што значи дека отпаѓаат засилувања од другите европски национални првенства.

Барселона има рок од 20 дена од денот на признавањето на повредата на нивниот играч да ја извести Федерацијата. Потоа, Медицинскиот комитет ќе има три дена да го разгледа барањето на клубот и доколку добие позитивен одговор Барса во период од 15 дена ќе може да донесе нов играч.

Доколку повредата на Дембеле е санирана порано од очекувањата, тој исто така нема да има право да се врати да игра за тимот, се до следната сезона.