Добро познатите селекции на Турција, Данска и БиХ, ќе и бидат противници на машката одбојкарска репрезентација на Македонија на патот кон ново Европско првенство, она во 2021 година кое ќе се одржи во Полска, Чешка, Естонија и Финска.

По историското ЕП лани, на кое за првпат настапија 24 репрезентации, трендот продолжува и во следното издание, но прво низ „филтерот“ ќе треба да минат 38 екипи.

Место на ЕП покрај четворицата ко-домаќини имаат обеезбедено и осумте најдобри екипи од 2019 (Србија, Словенија, Франција, Русија, Италија, Украина, Германија и Белгија), додека останатите 12 патници ќе бидат добиени преку седумте квалификациски турнири од кои првопласираните екипи, како и петте најдоброрангирани втори селекции ќе се најдат на континенталниот собир.

ГРУПА А: Холандија, Шведска, Хрватска
ГРУПА Б: Бугарија, Австрија, Израел
ГРУПА Ц: Турција, МАКЕДОНИЈА, Данска, Босна и Херцеговина
ГРУПА Д: Шпанија, Латвија, Република Молдавија, Кипар
ГРУПА Е: Словачка, Романија, Швајцарија, Албанија
ГРУПА Ф: Грција, Црна Гора, Азербејџан, Georgiaорџија
ГРУПА Г: Белорусија, Португалија, Норвешка, Унгарија