Шпанскиот тенисер Рафаел Надал сè уште нема донесено одлука дали ќе игра на Олимписките игри летово во Токио. Тој непријатно ги изненади своите фанови со изјава дека мора прво да види како ќе се одвива сезоната, а потоа ќе одлучи дали ќе се појави на ЛОИ.

„Морам да почекам и да видам како ќе се одвиваат работите. Сезоната штотуку започна. Има уште многу да се игра. За мене таа е особено напорна, затоа што малку одморав меѓу 2019 и 2020 година. Морам внимателно да размислувам и да земам в предвид сè – напорите што ме чекаат, календарот и потоа ја донесувам конечната одлука“, изјави Надал.

Надал има два олимписки медали, златни, во 2008 во Пекинг во сингл и во Рио де Женеиро пред четири години во двојки со Марк Лопез.