Вистинска хистерија владее во Неапол за да се дојде до билет за мечот од Лигата на шампионите меѓу Наполи и Барселона. Дуелот е на 25 февруари од 21 часот, а тифозите на Наполи прават се за да дојдат до вредното парче хартија.

И покрај високите цени, приврзаниците ги разграбаа сите билети за овој меч и тоа во период од само околу еден час. Најбрзо билетите беа разграбани за Курва Б, каде редовно се најжестоките приврзаници на тимот на нашиот Елмас.

На „Сан Паоло“ се воодушевени од интересот и сонуваат дека можат да направат чудото и да ја елиминираат Барселона, особено што каталонците влегоа во криза.