Александер Бублик потполно ја изгуби контролата во мечот со Швајцарецот Хенри Лаксонен во првото коло на АТП турнирот во Монпеље. Казахстанецот не играше добро и во еден момент почна да вика на руски:

„Го мразам тенисот од дното на душата. Тенисот е најодвратниот спорт од сите спортови. Го мразам секој ден кога морам да играм. Морам да се борам, а не го сакам тоа“, изјави Бубник кој успеа да го совлада Швајцарецот, но во второто коло беше поразен од вториот носител Давид Гофан.