Зимскиот трансфер период во Турската Супер лига се затвора денеска, а екипата на Анкарагучу направи несекојдневен потег – во еден ден донесе 15 нови играчи!

Меѓу засилувањата кои пристигнаа се српскиот фудбалер Милош Стојановиќ, кој во Турција дојде од Сараево, како и Жерсон Родригез, Џелман Ривас, Саба Лобјанидзе, Конрад Михалак, Даниел Лукашик, Рикардо Фридрих, Оркан Чинар, Атила Туран, Фатих Тултак, Суат Каја, Ахмет Сун, Енес Кубат, Мухамед Јасир Карабај и Ндука Озовко.

Анкарагучу беше практично присилен на ваков потег, бидејќи штотуку му беше укината забраната за носење играчи. Тимот од Истанбул е во опасната зона на таблата на претпоследната позиција и грчевито ќе се бори за опстанок.