За разлика од претходните квалификации за историското Европско одбојкарско првенство на кое учествуваа 24 репрезентации, и во кои групните мечеви се играа во три етапи, сега Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) направи промена на циклусот.

Поточно, сите патниците на ЕУРО Волеј 2021 ќе бидат познати за три недели. Турнирските квалификации ќе се играат во период од 15 август до 6 септември, а секоја репрезентација ќе одигра шест натпревари (три дома, три на гости).

Македонија која е дел од групата Ц заедно со Турција, БиХ и Данска, натпреварувањето го започнува на гостински терен против БиХ (15/16 август). Во второто коло, кое го играме дома се среќаваме со Турција (19 август), додека неколку дена подоцна исто така пред своите фанови ќе се соочиме со Данска (22/23 август).

Во четвртото коло им гостување на Данците (28/30 август), од таму експедицијата ќе продолжи во Турција (2 септември), додека квалификациите ги завршуваме дома против БиХ (5/6 септември).

Победниците во седумте квалификациски групи, како и петте најдобропласирани втори селекции ќе дојдат до билет на ЕУРО Волеј 2021.