Шок во Ренова. На една недела пред стартот на пролетниот дел, доаѓа информацијата дека Ремзифаик Селмани, најдобриот фудбалер на „гипсарите“ е потешко повреден. Снимките кажуваат лоши вести, се разбира дека ќе има дополнителни прегледи, но се стравува од најлошото, односно дека во прашање се лигаментите на коленото.

А се знае што тоа значи, дека Селмани ќе биде биде во аут најмалку 6-8 месеци. Со тоа Ренова ќе биде драматично ослабена во пролетниот дел каде ќе треба да води жестока битка за изборување на опстанокот.

Ова е уште еден удар за составот на тренерот Бујар Ислами. Да се потсетиме дека пред неколку месеци операција на лигаментите правеше Јасир Селмани, потоа на операција на препоните беше подвргнат Арѓент Гафури, а еве веројатно исто операција го чека и најдобриот стрелец на Ренова и еден од најдобрите напаѓачи во ПМФЛ, Ремзифаик Селмани.