Сега или никогаш. Во таква ситуација е Порто пред големото португалско дерби, бидејќи има, веројатно, последна шанса да се врати во шампионската трка. Не би смеел да ја пропушти бидејќи во тој случај ќе му овозможи на најомразениот ривал бришан простор кон одбрана на титулата. Но Бенфика нема да се победи самата, и сигурно ќе биде наострена да им возврати на „змејовите“ за единствениот пораз, воедно и неуспех, оваа сезона во Примеира.

Силни се лисабонските „орли“ во првенството. Казнената експедиција на Бруно Лаже е седум чекори пред најблискиот конкурент Порто, па потенцијален триумф би го етаблирал како шампион. Подвиг каков што се очекуваше пред стартот на сезоната, меѓутоа тешко дека имаше такви кои веруваа дека Бенфика ќе врзе дури 16 првенствени победи, вкупно 18 на страна и дека ќе биде толку доминантен што ривалите едвај успеваат да им шутнат на гол, а не пак да им ја затресат мрежата.

ПОРТУГАЛИЈА 1 – 20. коло

ПОРТО – БЕНФИКА
сабота 21.30
Шифра: 4116

ПРЕДЛОЗИ
КМБ X2&0-3       1,72
ТГГ НГ    1,78
* Квотите подлeжат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОГЛЕДНЕТЕ И ОВДЕ

И покрај одличните игри на „Луж“ не седеа со скрстени раце во јануарскиот преоден рок. Се засилија со играчот за врска на Дортмунд Јулијан Вајгл односно напаѓачот на Шенжен Диего Соуза, кој минатата сезона решеташе во дресот на Брага.

Челниците на Порто очигледно сметаат дека имаат доволен капацитет за враќање на тронот. Во текот на зимската пауза го донесоа само играчот за врска Евертон од јапонската Урава, па кормиларот Сержо Консеисао го чека деликатна задача во борбата за превласт. Екипата не му е во добра форма, доживеа три порази на седумте претходни дуели во сите конкуренции. Тоа не е добро за Порто…