Ливерпул се наоѓа во неверојатна серија резултати од почетокот на сезоната. Тимот на Јирген Клоп продолжува со полна брзина итајќи кон титулата по пауза од 30 години, а на патот може да дојде до некои историски постигнувања. Ако се погледан досегашните резултати и она што претстои, Ливерпул е на пат да собори неколку рекорди.

  1. Ливерпул може да стане шампион на седум кола до крајот

Тимот на Клоп сега има 73 бода на 25 натпревари. Ако Ливерпул продолжи да победува, тогаш на 21 март на дуелот со Кристал Палас дома би можел да стане шампион. Ако Манчестер Сити загуби некој бод дотогаш, првенството може да биде решено уште порано. Тоа досега го нема направено ните еден шампион во Премиер лигата.

  1. Најмногу освоени бодови на крајот на сезоната (38 натпревари)

Тековен рекорд: 100 бода, Манчестер Сити (2017/18).

Сега Ливерул: 73 бода од 75 можни.

За соборување на овој рекорд, Ливерпул треба да освои 28 бода на 13 натпревари.

  1. Најдолгата серија натпревари без пораз во Премиер лигата

Тековен рекорд: 49 натпревари, Арсенал (7.05.2003 – 24 октомври 2004 година).

Сега Ливерпул: 42 натпревари (12 јануари 2019 година -?)

Рекордот може да се урне на натпреварот од 33-то коло против Астон Вила. Пред овој натпревар, Ливерпул ќе треба да победи со Норвич Сити, Вест Хем Јунајтед, Ватфорд, Бурнемут, Евертон, Кристал Палас и Манчестер Сити.

  1. Најголем број на победи во една сезона (38 натпревари)

Тековен рекорд: 32 победи, Манчестер Сити (2017/2018, 2018/2019).

Сега Ливерпул: 24 победи на 25 натпревари.

Резултатот е едноставно феноменален. Црвените имаат уште 13 натпревари оваа сезона, во кои можат да го урнат рекордот за што им требаат уште девет победи. Ова може да се случи во 34-то коло против Брајтон.

  1. Најголем број на домашни победи во сезона (38 натпревари)

Тековен рекорд: 18 победи – Челзи (2005/2006), Манчестер Јунајтед (2010/2011), Манчестер Сити (2011/2012, 2018/2019).

Сега Ливерпул: 13 победи на 13 домашни натпревари.

Ливерпул не загуби ниту еден домашен бод оваа сезона. „Црвените“ имаат уште шест натпревари на домашен терен: Вест Хем Јунајтед, Бурнемут, Кристал Палас, Астон Вила, Барнли, Челзи. Никој не успеа да ги победи сите домашни натпревари во едно првенство. Ливерпул има таква шанса.

  1. Најголем број на победи на гости во една сезона (38 натпревари)

Тековен рекорд: 16 победи, Манчестер Сити (2017/2018).

Сега Ливерпул: 11 победи на 12 натпревари.

Само на „Олд Трафорд“ Ливерпул одигра нерешено досега во првенството. Ливерпул има седум гостински натпревари во кои треба да оствари шест победи за да го урне и овој рекорд.

  1. Најмалку нерешенид дуели во една сезона (38 натпревари)

Тековен рекорд: две ремија – Манчестер Сити и Тотенхем за сезоната (2018/2019).

Сега Ливерпул: едно реми.

Ако Ливерпул никогаш одигра нерешено на ниту еден од 13-те преостанати натпревари, рекордот ќе биде соборен.