Играчот од средниот ред на екипата на Манчестер Јунајтед, Андреас Переира поминал сесии за хипнотерапија поради проблеми со спиењето, пренесува весникот „САН“.

Според изворот, бразилскиот играч од средниот ред имал проблеми со спиењето, по што решил да послиша неколку совети од свои блиски и заминал кај хипнотолог, кој по четири сесии, наводно ги решил проблемите на фудбалерот.

Во тековната сезона, Переира одигра 22 натпревари за Манчестер Ј. на кои постигна 1 гол и направи 3 асистенции.