Металург одигра нов меч во рамките на подготовките за продолжението на сезоната, на домашен терен го совлада српскиот прволигаш Врање со 47-29.

Тимот од Автокоманда целосно доминираше на оваа средба, во 9. минута беше 10-2. Во второто полувреме продолжи офанзивата на Металург, кој при крајот имаше и максимална позитива од 21 гол.

Ова беше трет пријателски натпревар по враќањето од Франција по пораз од Вардар и победи против КЛ7.

РК Металург – РК Врање 1957  47:29 (24:13)

РК Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Арсеновски 3, Кондев 4, Јагуриноски 2, Поповиќ 13, Пецаковски 1, Шилегов 9, Танкоски 3, Мариќ 2, Серафимов, Лазаревски, Младеновиќ 4, Чантурија 1, Кбилашвили 1. Додиќ 3 и Маркоски 1.   Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 8 минути.