Горан Пандев е чудо, набргу ќе полни 37 години а се уште покажува и докажува дека е мајстор на фудбалската игра. Па така и денеска со неговиот гол Џенова го победи Каљари, само што влезе на теренот со првиот допир на топката му донесе три бода на својот тим.
Дека е вистинско чудо и за познатата обложувалница „Вилијам Хил“, доказ е нивниот пост на Твитер за Македонецот.
„2050-та година, Горан Пандев се уште постигнува голови во Серија А“. Па има ли поголем комплимент за генијалецот од Македонија.
The year is 2050.
Goran Pandev is still scoring goals in Serie A.#GenoaCagliari pic.twitter.com/WpC4YQnIq0
— William Hill (@WilliamHill) February 9, 2020