Вечерва на „Ѓузепе Меаца“ од 20:45 часот се игра големото, вечното, градското дерби на Милано,популарно наречено дербито “Дела Мадонина“ меѓу Интер и Милан. “Газета“ во пресрет на овој меч дава пресек за некои значајни, историски моменти, а во неколку наврати го споменува и Македонецот Горан Пандев.

Имено минаа точно десет години од тој епски меч меѓу Интер и Милан, на кој тогаш составот на Жозе Мурињо победи со 2:0. И само благодарение на UNA MAGIA PANDEV. Вечерта на 24 јануари 2010 година, Пандев прво во 10.минута со прекрасна асистенција до Милито „кумуваше“ за водство од 1:0, а потоа во 65.минута со антологиски гол од слободен удар ги “збесна“ фановите на Интер, но и Мурињо кој се правеше важен покрај аут-линијата. 

Таа вечер Пандев беше „КРАЛОТ“  на дербито „Дела Мадонина“, таа вечер пред 85.000 гледачи на „Меаца“ Пандев одигра како во транс, веројатно тоа беше една од најдобрите негови партии во кариерата. 

А, коментаторите…. секако нема да се заборави тоа „UMA MAGIA PANDEEEEEEEEEV“.

А, ние Македонците? Ние бевме горди со МАГИЧНИОТ СТРУМИЧАНЕЦ…