Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров и Нант немаа милост против Адемар Леон, првиот противник во групната фаза од ЕХФ купот, кој пред својата публика го совладаа со 34:28 (17:16).

Нант го диктираше темпото на игра во текот на целата средба и играше колку што беше потребно.

Лазаров беше меѓу најрасположените на теренот, со шест погодоци од 10 обиди, додека Валеро Ривера беше најефикасен со девет гола.