Евертон го совлада Кристал Палас во 26. коло од Премиер лигата и остана во борбата за место во Европа, а мечот го обележа „инцидентот“ на крајот од натпреварот.

Мало момче незабележано скокна преку оградата и го мина обезбедувањето, истрча низ целиот терен и стигна до својот идол Калверт-Левин.

Обезбедувањето веднаш го стигна, но тој успеја да го замоли омилениот играч за дрес. Напаѓачот на Евертон со задоволство ја исполни желбата на момчето, кое потоа придружувано од редарите и со вредниот подарок го напушти теренот.