Шокантно е тоа што се случува во светот на тенисот. Таква омраза кон Новак Ѓоковиќ не се случила во ниту еден спорт. Тоа веќе преминува во хистерија. Ретки се тие како легендарниот Никола Пилиќ кој смета дека светот не го заслужува Новак  и дека Србинот е најдобриот во историјата, но ако освои уште три Гренд Слем турнири.

Род Лејвер, еден од најдобрите тенисери во историјата смета дека Роџер Федерер е најдобриот во новата ера, но дека во модерно време се игра поинаков тенис од пред 40-50 години кога тој беше најдобар.

А на Ноле не му преостанува ништо друго освен набрзо, за година – две, да дојде до 21 титули на Гренд Слем турнирите и да ги „зачепи“ устите на сите што сметаат дека не бил на исто рамниште со Федерер и Надал.