Горан Пандев денеска уште еднаш само потврди колку неговото присуство во Џенова е неопходно. Влезе во игра во првиот дел поради принудната замена која мораше да ја направи неговиот тренер, и само неколку минути подоцна стрелаше за водство, кое се покажа дека е клучно за трите бода на мечот.

По мечот, Пандев зборуваше за можноста за трансфер во Интер и секако предизвикот до крајот на сезоната.

Не знам дали беше блиску моето заминување во Интер, но ќе кажам дека имаше нешто во тоа. Сепак беше 30 јануари. Останав во Џенова за да го спасам тимот од испаѓање. Тоа е мојата цел“, вели нашиот најдобар фудбалер.

36-годишниот Гранде Пандев денеска го постигна својот шести сезонски погодок.

Тешко е да се излезе на терен и веднаш да се постигне гол, посебно за некој кој има 37 години. Кога Никола (тренерот) ми рече да се подготвам, мислев се шегува. Да бидам искрен, сакав да подадам затоа што ги видов Санабрија и Пинамонти напред, за среќа топката заврши во голот. Се надевавме на победа и успеавме. Се бориме, нашата цел е јасна и се надевам дека ќе ја исполниме. Би сакал да играм повеќе. Но фудбалот е тимска игра и најважно е да се освојуваат бодовите“, изјави Пандев кој потоа се пошегува.

Не ме ставаам многумина во фудбал фантази (видео игра). Ни тренерот не го прави тоа. Шегата на страна. Никола направи силна група која расте од меч во меч. Се надевам дека ќе излеземе од долниот дел на табелата“, вели „Гранде Пандев“.