По пет години на клупата на Тотенхем, Маурисио Покетино доби отказ, на негово место дојде Жозе Мурињо.

По разделбата со Спарси тој одлучи да се одмори, но медиумите постојано го поврзуваат со Манчестер Јунајтед, работа за која 47-годишниот стручњак и тоа како е заинтересиран.

Но, за да стигне до клупата на „црвените ѓаволи“ мора да се поклопат одредени работи. Оле Гунар Солскјер мора максимално да ја упропасти сезоната за да добие отказ, тој во овој момент ужива во голема доверба кај челниците на  клубот.

Според „Мирор“ одредени луѓе од раководството гледаат позитивно на сето ова, но секако крајниот збор ќе го има Ед Вудвард, кој му дава поддршка на Солскјер. Дали ќе остане така, ќе видиме по завршување на сезоната.

Јунајтед не блеска, во моментов е на осмото место на табелата во Премиер-лигата со 35 бода.