Фото: basketball.mk

Бројот 13, кој стоеше на дресот на легендата на КК Работнички, Благоја Георгиевски – Буштур, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа, денеска беше подигнат во „Градски парк“ на мечот меѓу Работнички и Еуро Никел.

Навивачите на Работнички го направија тоа во чест на македонска кошаркарска легенда, но и на играчот, кој целата своја кариера ја мина во тимот од „Градски парк“.