Баерн Минхен за следната сезона има големи планови. Покрај тоа што веќе е договорено доаѓањето на Лерој Сане од Манчестер Сити, сега спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ тргнува во мисија да го донесе Роберто Фирмино од Ливерпул.

Бразилецот игра одлично, Ливерпул е на пат да ја освои титулата во Премиер-лигата, а во Баерн го гледаат како идеален партнер со Левандовски во нападот на „Баварците“.

Една од опциите за Баерн за следната сезона е и Тимо Вернер од Лајпциг.