Барселона во среда ќе го промовира Вилијам Жозе за свој нов фудбалер. Напаѓачот доаѓа од Реал Сосиедат за сума од 30 милиони евра, како замена за Луис Суарез кој ќе паузира до крајот на годинава.

Жозе во минатото има играно и за Реал Мадрид, главно за Б тимот, но има и еден настап за А екипата. За него беа заинтересирани многу клубови, но на крајот се чини ќе го облече дресот на каталонскиот тим.