Фудбалска еуфорија владее во Болоња, која е без пораз во последните четири кола во Сериа А и имаше голем триумф викендов против Рома на Олимпико. Екипата сега е на само еден бод од местото кое води во Европа.

И сето тоа се должи на присуството на Синиша Михајловиќ, затоа што Болоња како да е друга екипа кога е српскиот стратег на клупата. Михајловиќ, кој паралелно води животна битка со леукемијата и го води тимот, досега седеше на клупата на 13 натпревари, во кои неговиот тим постигна 22 бода.

Кога Србинот не е со тимот, односно е на лекување, а екипата ја водат Мирослав Танга и Емилио Де Лео, Болоња постигна само 11 поени на 10 натпревари.

Причината е јасна!