Најновото, а воедно и најголемото зимско засилување во редовите на Кит Го, десниот офанзивен бек Бојан Ѓорѓиоски, за клупскиот сајт на пехчевскиот второлигаш, истакна дека е среќен што дошол во Кит Го. Инаку тој е веќе во Анталија, и полна со тренинзи заедно со останатите свои нови клубски колеги.

„Среќен сум што доаѓам во клуб, организациски поставен на највисоко професионални ниво. Токму поради тоа воопшто не размислував кога дојде понудата. Верувам дека максимално ќе се вклопам во тимот соодветно одговарајќи на амбициите во пролетниот дел од сезоната“ рече Ѓорѓиоски.