Лина Ѓорческа по одличниот настап на турнирот во Трнава, каде што стигна и до финалето, забележа голем напредок на ВТА листата. Имено нашата најдобра тенисерка осамна на 343-то место во светот, претходно беше на 403-то место. Штета што не успеа да го освои тој турнир, да потсетиме во финалето загуби од Русинката Лансере.

Инаку на врвот на ВТА листата нема промени, Барти и натаму е прва, следуваат Халеп и Плишкова.

Кај мажите пак, на АТП листата, Новак Ѓоковиќ ја врати позицијата број 1, и сега ја почнува 277-та седмица како најдобар тенисер во светот во моментов. Секако дека за ова заслуга има Гренд Слемот во Мелбурн, каде Ноле по осми пат триумфираше. Следуваат Надал, Федерер, Тим, Медведев.