Томас Милер вчера влезе во војна со селекторот Јоаким Лев по изјавата на мечот против Лајпциг. Искусниот фудбалер игра главна улога во тимот по доаѓањето на тренерто Ханс Дитер – Флик, и добрата форма може да му донесе и „кам-бек“ во дресот со националниот тим.

Меѓутоа Милер во изјавата рече дека не е заинтересиран за настап на ЕП.

„Не сум заинтересиран за настап на ЕП. Фокусиран сум само кон настапите на овој тим“, рече Милер, притоа покажувајќи го логото на Баерн.