Голманот на Евертон и на англиската репрезентација Џордан Пикфорд зборуваше за притисокот кој ги чувствуваат играчите што настапуваат за „Гордиот Албион“. Тој лично го почувствувал тоа и реши да го сподели тоа, а некој ќе се согласат, но некои не.

Од некоја причина, сите ги мразат играчите од англиската репрезентација. Дали новинарите, дали навивачите, дали поранешните играчи… сите ги пикираат репрезентативците. Погледнете го Гери Невил – тој постојано ги „лови“ играчите од националниот тим. Се сеќавам кога Џо Харт беше наша „единица“. Го бркаа секоја недела. Го „убија“ човекот. Како да чекаат мала грешка и распалат.
Ако си англиски репрезентативец мораш да се носиш и со ваквиот притисок. Смешно но така е. Сите ти се восхитуваат кога ќе те повикаат за националниот тим, а кога ќе се вратиш на клупскиот фудбал сите сакаат да те „убијат“. Јас веќе се навикнав. Се обидувам да се дистанцирам и да не слушам што се зборува наоколу. Знам за што сум способен, знам кои се моите добри и лоши страни. “
, вели Пикфорд.