Македонската репрезентација во петок и официјално почнува со подготовките (ден порано е собирот) за квалификациските мечеви против Естонија (на домашен терен, 20.02) и Русија (на гости, 23.02) за пласман на ЕП 2021 година.

Во СЦ „Борис Трајковски“ ќе видиме еден поинаков состав, селекторот, Александар Тодоров го започна процесот на подмладување, шанса ќе добијат оние момци кои во изминатиот период покажаа дека местото им е меѓу најдобрите.

Како што беше најавено на официјалната промоција на новиот предводник, Македонија ќе одигра еден пријателски натпревар. Противник на Тодоров и неговите избраници ќе биде тимот на Гостивар, дуелот се игра на 16-ти овој месец.

Билетите за мечот со Естонија веќе се пуштени во продажба, истите чинат 100 денари. КФСМ одлучи овој натпревар да биде од хуманитарен карактер, парите собрани од продажба ќе бидат донирани.