Денеска на прес-конференција, првиот човек на клубот Пеце Стојчевски ги претстави сите зимски засилувања. А тоа се Горан Пашовски како тренер на голмани, Наџми Реџепи, Адрем Фазлиу, Димитар Иванов, Благојче Спиркоски, Христијан Драгарски, Александар Кордоба Борха.

„Местото на Пелистер е во Првата лига. Тоа е нашата желба и нашата амбиција уште кога дојдовме во клубот. Се надевам дека новите играчи брзо ќе се вклопат во нашата средина“, изјави Стојчевски.

Тренерот Зоран Штерјовски пак истакна…

“Подоготовките минуваат во најдобар ред. Сега приоритет ни е да ги воиграме новите имиња. Со нив нивото на квалитет е подигнато, се надевам дека Пелистер напролет ќе го гледаме во ново издание. Пелистер во моментов е прв, сметам дека на крајот ќе остане на тоа место“.