Брегалница ремизираше против Насаф

Брегалница ремизираше против Насаф

По двете победи, Брегалница ремизираше (1-1) со еден од најдобрите узбекистански клубови Насаф во третиот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија.

Во одлична фудбалска претстава на спортскиот комплекс „Фанатик“ во Белек, двата тима имаа бројни шанси и за триумф, но на крај останаа на по еден погодок. Насаф прв дојде до водство  во 15. минута, а по одличната игра во вториот дел Брегалница израмни со голот од пенал на Пепи Ѓорѓиев во 53. минута.

Брегалница на дуелот против Насаф настапи во следниот состав: Далевски, Стошиќ, Д. Стојанов, Манев, Маневски, Бакрачески, Наумоски, Миленковски, М. Стојанов, П. Ѓорѓиев, Наумов. Уште играа: Рунтев, Ацковски, Кудев, Стојчевски, Мирчевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ