Постои еден Галијани кој игра на Островот и се вика Адриан. Играчот од средниот ред всушност е вник на популарниот Адриано Галијани, некогашниот извршен директор на Милан во ерата на Берлускони, а сега е директор во Монца. Младиот Адриан кој во април ќе наполни 19 години денеска потпиша за Нотингем Форест, членот на Чемпионшип дивизијата откако беше во академијата на Рединг, а потоа и во академијата на Вотфорд.

Галијани јуниор потпиша договор до крајот на сезоната 2020/21, а ќе му се приклучи на У23 тимот на Нотингем. Ако се наметне ќе биде продолжена соработката и ќе биде прекомандуван во А тимот.