На последниот ден од преодниот рок, ГФК Осогово ангажираше уште пет нови фудбалери за пролетниот дел од сезоната. Клубот се засили со двајца нови голмани 20-годишниот Андреј Ивановски кој дојде од третолигашот ССК Нова и 25-годишниот Дарко Атанасовски кој претходно играше во Пелистер.

Нови играчи на Осогово се уште Никола Димовски кој доаѓа од црногорскиот Ком. Во екипата по шест месеци минати во Каменица Саса се враќа Филип Ѓорѓиев кој е играч за врска. Петорката ја заокружува 22-годишниот Даријо Трајановски кој доаѓа на шестмесечна позајмица од прволигашот Силекс.

Претходно клубот се засили со Силвио Ангеловски (Овче Поле), Александар Неданоски (Пелистер), Ѓорге Глигоров (Детонит), Христијан Крклински (Црно Буки), Бобан Здравевски (Питу Гули), Глигор Дончев (Академија Пандев). Значи вкупно 11 нови играчи во зимскиот преоден рок за второлигашот.

Од клубот соопштија дека пролетва со првиот тим ќе бидат вклучени и двајца младинци, Стојанче Тренчев и Марко Соколов.