Единствен проблем пред стартот на подготовките за квалификациските натпревари за пласман на ЕП 2021 година за селекторот, Александар Тодоров беше Ненад Димитријевиќ.

Хувентуд, тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец по последниот пораз во АЦБ-лига не им дозволи на играчите кои имаат национални обврски веднаш да заминат, како еден вид на казна.

Во текот на вчерашниот ден менаџерот на Нено, Мишко Ражњатовиќ заедно со КФСМ се обидоа да направат притисок, а се чини успеаја. Димитријевиќ доаѓа во петок или најдоцна сабота (во зависност од летовите) и ќе игра на пријателскиот натпревар против Гостивар кој е закажан во недела.

Денеска Тодоров објави список од 15 кошаркари на кои ќе смета во подготовките за дуелите против Естонија и против Русија. Списокот може да го видите на овој ЛИНК.