Младинскиот репрезентативец Давор Здравковки е среќен и задоволен што ги брани боите на АЕЛ Лимасол на Кипар. Скопјанецот кој идниот месец ќе наполни 22 години од 2017 година игра на Кипар, а веќе стигна да ја носи и капитенската лента иако е еден од помладите во екипата.

Иако сум што се вели еден од помладите играчи, а плус и странец секако дека е огромна чест да се биде капитен на тимот. Јас бев четврти во редот, а ете во рамките на осминафиналето од купот против Алки јас бев токму тој кој ја носеше каитенската лента. Одговорност, но и привилегија за мене како играч и доказ повеке дека тука во клубот ме почитуваат и го вреднуваат мојот труд“, изјави Здравковски за „СПОРТМЕДИА

Здравковски имал понуди и од други екипи, но е среќен во АЕЛ кој му понудил нов договор.

Утре имаме голем меч. Играме четвртфинале во купот против АЕK на Иван Тричковски. На домашен терен ке биде добар меч. Се надеваме на се најдобро. Во моментов тука се чувствувам одлично, понуден ми е нов договор и во преговори сум со управата. Не брзам, има време најбитно е што играм напредувам и во моментов сум среќен“, ни кажа екс-играчот на Македонија ЃП.