Клубовите, националните федерации и индивудалните спортисти ја добија листата на поделени ваучери за тековната 2020 година од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Кога сме кај фудбалот, поточно клубовите најголема сума доби актуелниот шампион, Шкендија, вредноста на ваучерот изнесува 11,500,000 денари, додека Вардар пак доби 10,5000,000 денари. На третото место на оваа листа е Академија Пандев со 9,800,000 денари.

Во кошарката е истиот принцип, актуелниот бранител на титулата МЗТ Скопје доби ваучер во вредност од 15,800,000 денари, зад него е најтрофејниот кошаркарски колетив со 11,390,000 денари, по што следува Куманово со 11,900,000 денари.

Кај одбојкарите, Џио Струмица има 4,000,000 денари, додека Вардар има 3,500,000 денари.

Комплетната листа можете да ја видите на следниот ЛИНК.