Македонскиот одбојкарски репрезентативец Владо Милев и неговата Будва се елиминирани во осминафиналето од ЦЕВ купот, откако и во реваншот со убедливи 3:0 (25:27, 25:18, 25:21) загубија на гостувањето кај Зенит Санкт Петербург.

Рускиот тим по максималниот триумф во Будва, не остави ништо на случајност ниту во реваншот, а Милев и соиграчите немаа шанси во ниту еден момент од средбата.

Тапија беше единствениот двоцифрен во тимот на Будва со 15 поени, додека Милев кој ја носи капитенската лента постигна шест поени (четири од напад и по еден поен од сервис и од блок) како и 33 посто реализација на приемот.