Убава вест за Динамо Загреб, но пред се за нашата репрезентација. Аријан Адеми се враќа на терен по повредата на стопалото, повреда поради која не ги одработи целосно ниту зимските подготовки. Токму затоа тој беше во „аут“ на стартот од сезоната и не настапи за „модрите“ во првите првенствени пролетни кола, но и во Купот. Но сега тоа е минато, Аријан Адеми ќе биде во комбинација за мечот со Осијек, натпревар кој се игра претстојниот викенд. 

За нас е поважно поради фактот дека на 26 март играме со Косово во полуфиналето од плеј – офот во Лигата на Нации за пласман на ЕВРО 2020. Аријан Адеми за тој дуел со Косово, се надеваме и за финалниот, ќе биде неопходен за нашата селекција, тој важи за еден од клучните наши репрезентативци.