Сексапилната Ирина Морозјук, кој е претседателка на фудбалскиот клуб Лион од Украина може да се најде зад решетки поради непочитување на државните симболи, соопштуваат медиумите од Украина.

Понежната половина на фудбалерот на турски Ризеспор Николај Морозјук ја испеа химната, облечена во боите на украинското знаме – сино и жолто. Сина и беше блузата, но жолта долна облека што беше оценето како навреда на знамето.

Според законот, поради ова видео може да заврши во затвор. Освен парична глоба, законот за непочитување на државни симболи предвидува и затворска казна од шест месеци до три години. Од украинското МВР Морозјук ќе биде повикана на разговор, па потоа ќе и биде изречена казната.