Баже Илијоски од вчера и официјално е нов член на стручниот штаб на Работнички. Еден од најдобрите фудбалери во историјата на клубот, довчерашниот „крал“ на стрелците во ПМФЛ со 165 голови, сега прв е Бесарт Ибраими со 166, по барање на претседателот на клубот Драган Поповски денеска ќе го има својот прв тренинг како помошник на шефот Ратко Достаниќ.

Се чини за овој ангажман најсреќен и најрадосен треба да биде младиот Давид Тошевски, бисерот на Работнички и мак-фудбалот. Давид со 18 години просто блеска во нападот на Работнички, зимава на пријателските средби ги излудуваше противничките одбрани.

Но секогаш може и подобро. А за да стане екстра напаѓач, како што беше Баже некогаш, тогаш ќе му треба и „специјален“ учител. Велиме најсреќен зошто сега Давид ќе добива совети од Баже како тоа се тресат противничките мрежи, не дека Давид тоа не го знае, туку целта е да младиот репрезентативен напаѓач да биде уште подобар.

А од Баже има што да научи, и тоа како.