Она што го најавивме рано утринава, пред неполн час и се оствари. Андреј Ефремов е нов член на Влазнија од Скадар, тим во Првата лига на Албанија. Познато е дека таму тренер е нашиот екс – селектор Мирсад Јонуз. Токму Јонуз инсистираше да биде ангажиран екс голманот на Металург, Работнички, Силекс, Ренова… со оглед на тоа дека има проблеми на голманската позиција.

Раководството на Влазнија по куси преговори му го донесоа македонскиот голман, предмалку и го промовираа, сега останува на Ефремов да ја оправда довербата.