Оле Гунар Солскјер имаше само пофални зборови за големото засилување кое Манчестер Јунајтед го донесе оваа зима. Бруно Фернандеш стигна на „Олд Трафорд“ за цена од 80 милиони евра, а тренерот на „црвените ѓаволи“ потенцира дека тој размислува многу подобро од останатите играчи тимот.

Португалскиот репрезентативец воодушеви со својот дебитански настап, од него се очекуваат големите работи во иднина.

„Генерално, тој е многу добар фудбалер и неговиот мозок се многу побрз од останатите“, рече Солскјер, а потоа додаде:

„Има голем број на добри атрибути на кои ќе мора да се навикнеме, но и тоа мора да се прилагоди на нас. Додавањето на топката, како и неговите движења, покажуваат дека уќива. Тренира, тренира и тренира. Неговите работни навики и антузијазам се феноменални“.